еМагазин
Image default
Свет

Ако не се појави нов сој, Германија очекува крај на пандемијата на пролет

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан очекува до следната пролет да се постигне имунитет на стадо против коронавирусот и со тоа да се стави крај на пандемијата во Германија.

– Доколку не се појави нова варијанта на вирусот, против која вакцинацијата не штити, што е малку веројатно, тогаш пандемијата ќе ја надминеме на пролет и ќе можеме да се вратиме во нормала – рече министерот за „Аугсбургер Алгемајне“.

Имунитетот на стадо секогаш се постигнува, единственото прашање е дали преку вакцинација или преку инфекција.

– Вакцинацијата е дефинитивно најсигурниот начин да се стигне дотаму – рече Шпан.

Од 11 октомври, оние што сакаат да направат брз тест за коронавирусот, ќе треба сами да платат за тоа. Обично тестовите се бесплатни за луѓето кои не можат да се вакцинираат, вклучително и за децата под 12-годишна возраст.

Постојат исклучоци за младите луѓе на возраст од 12 до 17 години и за бремените жени. До 31 декември тие ќе може да се тестираат бесплатно најмалку еднаш неделно. Причината е што општата препорака за вакцинација од Постојаниот комитет за вакцинација дури од скоро е достапна, така што треба да има повеќе време за вакцинација.

Според регулативата, децата кои сѐ уште не наполниле 12 години или кои наполниле 12 години во последните три месеци пред тестот, обично можат да продолжат да се тестираат бесплатно.

Тестовите остануваат бесплатни, меѓу другото, и за луѓето на кои им е потребен тест за да го прекинат карантинот поради инфекција со коронавирусот.

МИА/Фото: Photo by Mufid Majnun on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бразил е ново жариште на корона вирусот, за еден ден регистрирани 1.179 починати

Редакција

Речиси две третини од здравствените установи во Газа запреа со работа, убиени 65 медицински лица

Редакција

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со новиот коронавирус допрва претстои

Редакција