еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако не се признае „историската вистина“ и тоа не влезе во преговарачката рамка, нема ЕУ, порачува Захариева

Решавачки фактор што ја наведе бугарската Влада на одлуката да одбие да се согласи на старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ е немањето „гаранции за добрососедските односи и за имплементација на билатерални договори“, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за Програмата на германската телевизија АРД за Југоисточна Европа.

Захариева наведува дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу Скопје и Софија во 2017 година, меѓу другото, се предвидува формирање заедничка комисија од историчари „за решавање на постојните спорни историски прашања“ меѓу двете земји со консензус, која, според неа, не успеала да ја заврши својата задача.

– Бугарија сака да биде призната историската вистина. Ова не беше проблем за Северна Македонија кога го потпиша договорот – заедничка историја што ќе не обедини, а не да не раздели. Ова е целта.

Ние не велиме „Овие личности се само наши“, туку „Овие личности се заеднички“. Ова е модерно размислување на две земји, особено ако сакаат да бидат заедно во Европската унија, изјави Захариева.

Таа нагласува дека Бугарија инсистира на именување на македонскиот јазик како „официјален јазик на Република Северна Македонија“, како и на промена на учебниците во Северна Македонија, во кои, како што вели, „Бугарите се уште се претставени како фашисти“.

Захариева за АРД посочува дека бугарската Влада сака овие „нејзини забелешки да најдат свое место“ во рамки на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

– Не сакаме да ја запираме Република Северна Македонија, но ако немаме гаранции во преговарачката рамка, ќе биде невозможно да се каже „да“.

Значи, без оглед на сегашното или следното претседателство, доколку нашите предлози бидат вклучени за дискусија во преговарачката рамка, Бугарија ќе може да каже „да“, нагласува Захариева.

Таа истакнува дека не гледа зошто би било проблем во преговарачката рамка да се стави одредба дека Северна Македонија треба да го почитува Договорот со Бугарија.

– Зошто е проблем во рамката за преговори да се стави и добрососедството, што е хоризонтален критериум од Мастрихт? Имаше такви содржини во преговарачката рамка на Хрватска. Ова не е преседан, тврди Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојко Борисов има фанови и во Македонија

(ВИДЕО) Бучковски во Софија однел нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема претензии кон Бугарија и дека нема да се меша во прашањето за малцинствата

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ако користат едно лажиче, што не се возат во еден џип“: Владиката Петар на „тапет“ на Твитер

Редакција

(Фото) „Темпирана бомба“ за колективното здравје: Во Охрид „врие“ како во кошница

Редакција

Каков имот пријавил судијата Бурим Сејдини, кој е реизбран за претседател на Управен суд

Редакција