еМагазин
Image default
Македонија

Албанија денеска ќе и ги достави на Македонија снимките од бегството на Груевски

Албанските власти на своите колеги во Скопје, денеска ќе им ги достават снимките од бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски преку албанска територија, јави синоќа агенцијата Балкан веб.

Според истиот извор, снимките се обезбедни од сигурносните камери на грачните премини во кои е снимен и моментот кога Груевски влегува во автомобил и ја минува границата меѓу Македонија  и Албанија.

По веста за бегството на Груевски преку територијата на Албанија, преку соопштение Секторот за граница и миграција на албанската државна полиција, на 15 ноември потврди дека Груевски со автомобил во сопственост на амбасадата на Унгарија ја напуштил Албанија преку преминот „Хан Хоти-Муриќан“, на албанско-црногорската граница.

-Одговарајќи на големиот интерес на медиумите за влез и излез од територијата на Република Албанија на лицето Никола Груевски, информираме дека истиот на 11 ноември 2018 година во 19:11 часот излегол од Албанија преку преминот Хан Хоти во правец на Црна Гора, како патник во автомобил со регистарски ознаки CD1013A, сопственост на амбасадата на Унгарија во Тирана, стоеше во соопштенето.

Сепак, тогаш немаше одговор каде Груевски ја минал македонско-албанската граница, освен шпекулациите дека тоа го направил преку официјалниот премин „Блато“ кај Дебар или легален премн во негова близина.

МИА/Фото: Груевски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Груевски на прошетка во трговски центар во центарот на Будимпешта

Случај „Македонска банка“: Груевски ја повлекол тужбата за клевета против Заев

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат за неговото бегство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 242 случаи на Ковид-19 од 3.561 тестирања

Редакција

Претседателот на Собранието, Џафери повикан во Обвинителството за истрага за неговиот избор

Редакција

Груевски бара доказ од Мицкоски дека е во комуникација со Владата и дека го дели ВМРО-ДПМНЕ

Редакција