еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат за неговото бегство

Јавното обвинителство неделава ќе сослуша доста сведоци во рамки на истрагата за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, а очекува да бидат преземени и доказите барани од Република Албанија, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска, која ја води истрагата за бегството на Груевски во Унгарија.

– Во текот на оваа недела ќе бидат сослушани доста сведоци во таа насока, а се надевам дека исто така во текот на оваа недела ќе бидат преземени и доказите кои беа барани од Република Албанија, изјави Русковска.

Прашана што досега имаат и до каде е истрагата, Русковска, рече дека кога ќе имаат нешто поконкретно ќе го соопштат.

Во однос на сведоците и дали меѓу нив можеби ќе има блиски роднини на Никола Груевски, обвинителката Русковска рече дека блиски роднини нема да има.

– Блиски роднини нема да има, тие што го обезбедуваа беа сослушани. Ова ќе бидат други сведоци, изјави обвинителката Русковска.

Поранешниот премиер Никола Груевски минатата година избега од Македонија за да не ја издржува двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“. Груевски преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија, каде што побара и доби политички азил.

Македонските власти по Груевски распишаа меѓународна потерница и побараа тој да биде екстрадиран во Македонија. Груевски е обвинет во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство, за што Собранието му го одзеде имунитетот, а за дел од нив во отсуство му е одреден и притвор.

МИА/Фото: Груевски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада: За бегството на Груевски има индиции дека се инволвирани граѓани на трети земји

Инфомакс: Груевски во Будимпешта сместен кај пријатели, ќе се врати во Македонија кога ќе се создадат политички услови

еМагазин во Дебар: Дебарчани убедени дека Груевски избегал од овде

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русите ја ограбиле и уништиле лабораторијата во Чернобил-примероци од радионуклиди се во „рацете на непријателот“, тврдат украинските власти

Редакција

Нов раст: 126 случаи на заболување меѓу здравствени работници

Редакција

“Го отстранија Ќосето од пред палатата на правдата, на негово место ќе стават биста на Мијалков“: Твитер реакции за “Титаник 2“

Редакција