еМагазин
Image default
Македонија

Алкохолот меѓу пратениците влијае за атмосферата во Собранието, вели Павле Трајанов

Долгогодишниот пратеник и поранешен министер, Павле Трајанов во изјава за „Слободен печат“, коментирајќи го инцидентот со пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми во Собранието, вели дека во законодавниот дом кружи многу алкохол и тоа меѓу другото има влијание кон вкупната атмосфера и однесување на дел од пратениците.

– Мислам дека во целина имаме ниска култура на однесување. Сведоци сме на меѓусебни навреди, девалвирања меѓу опозицијата и позицијата. Се користат сите инструменти за дискриминација од едните кон другте.

Недостасува ниво на комуникација и тоа по некоја линија создава меѓусебна недоверба која неретко резултира со вербални навреди, недолични коментари, па дури понекогаш и физички пресметки.

Достапноста на алкохолот во Собранието е причина плус за ваквата атмосфера, посочува Трајанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот на ДУИ, Адеми се извини за инцидентот, ама смета дека не е виновен

„Летаа филџани и шишиња во македонскиот Парламент“: Адеми од ДУИ стана регионална ударна вест

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вторник ќе се конституира Собранието

Редакција

До сега попишани вкупно 951.151 лица, 297.089 домаќинства и 402.768 станови

Редакција

Рашиди од Алијанса на Албанците ја напушти средбата кај Џафери: Се протуркува идејата за амнестија за настаните од 27 април

Редакција