еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алтернатива денеска на Централен совет ќе одлучува дали ќе биде дел од Владата

Дефинитивната одлука дали партијата на Африм Гаши, Алтернатива, ќе биде дел од Владата ќе биде донесена денеска на седница на највисокото партиско тело – Централен совет.

Оваа партиска средба ќе почне денеска во 19 часот во седиштето на партијата во Тетово.

-Седница на Централниот совет на Алтернатива имаме денеска во 19 часот во партиското седиштте во Тетово. Денеска ќе се донесе конечна одлука. До овој момент ништо не можам да кажам. По завршувањето на седницата ќе имаме прес-конфренција, изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани.

Лидерот на партијата Африм Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ, Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници. 

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Симптоми, заштита и лекување на мајмунски сипаници: Препораки од Министерство за здравство

Редакција

Албанскиот политиколог Ѓета за „францускиот предлог“: Дури и да биде одобрен од Македонија, ќе остане неспроведлив

Редакција

Режисерката Бузалковска со писмо до Заев: Дава оставка од Советот за култура поради Годишната програма на Министерството

Редакција