еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алтернатива одлучи лидерот Гаши да почне преговори за влез во Владата

Алтернатива како сериозна политичка партија која отсекогаш знаела да се издигне над сопствените интереси синоќа разговараше за можноста и помошта за откочување на ситуацијата во земјава. Вкупниот заклучок на Централното претседателство беше дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за да може земјата да се надева на датум за членство во ЕУ, изјави портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани по седницата што се одржа во партиското седиште во Скопје.

Централното претседателство, како што информира, го овласти претседателот на партијата, Африм Гаши да комуницира со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.

– Ќе слушнеме каков е нивниот концепт за излез од кризата, дали има волја за заедничка владина програма, и дали актуелните владини партнери имаат волја да се откажат од дел од својата моќ за да се создаде рамнотежа во власта.

Отсега сè зависи од разговорите и од тоа што ќе се договори, рече Муртезани.

Потоа, како што додаде, конечната одлука за влез во Влада ќе ја донесе Централното Собрание на Алтернатива.

– Централното Собрание на Алтернатива може да се свика откога ќе имаме нешто поконкретно од самата подготвеност за преговори, рече Муртезани.

Одговарајќи на прашање рече дека Алтернатива не се води од апетитите за власт.

– Како ќе завршат преговорите не знаеме, повеќе сме заинтересирани за начините за излез од оваа криза, додаде Муртезани.

МИА/Фото: Гаши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќерката на починатиот тетовец од коронавирусот кој престојуваше во Заводот за рехабилитација, бара истрага за несовесно лекување

Редакција

Министерот Бектеши го брани синот на Ахмети, 99% од бизнисот му бил поврзан со Швајцарија

Редакција

Поранешната директорка на Токсикологија, Иљази, со незаконските вработувања го оштетила буџетот на Клиниката за 10.000 евра

Редакција