еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Косово уапсен Алил Демири, обвинет за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека косовската полиција, во соработка со македонската, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро.

Како што соопштија од МВР, тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваaт 435

Редакција

Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

Редакција

(Видео) Како изгледа куќата на Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Редакција