Погребот на Амди Бајрам, кој вчера почина е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алејата на Великаните.
„Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Северна Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието“, се наведува во соопштението на партијата, со која раководеше Бајрам.
Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19 и побара да не се одржуваат погребни ритуали за да се избегне ширење на заразата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амди Бајрам бил позитивен на Ковид-19
Фото: Фејсбук/Сојуз на Ромите на Македонија