еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Амди Бајрам ги заобиколи ковид-мерките во државата: Направи свадба на внуката на брод на Босфорот со 600 гости

Претседателот на Сојуз на Роми, Амди Бајрам и поранешен пратеник, организирал свадба за внуката Перјан синоќа во Истанбул пишува „Фокус“. На Бајрам му пропаднал обидот свадбата кај нас да ја организира на 11. октомври поради ковид-мерките.

Свадбената веселба се одржала на брод со 600 гости. За него, според пишувањата на „Фокус“ најважно било тоа што ем има свадба, ем не ги прекршил законите во земјата.

„Имаме 370 гости од Македонија и 230 гости од Турција. Имам доста турски политичари овде, од кај претседателот Ердоган, од политичкиот врв, од кај нас политичари нема на забавата. Се забавуваме на брод на Босфор, атмосферата е прекрасна.

Се организиравме за кратко време со помош на пријателите на Ердоган. Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан,“ изјави Бајрам за „Фокус“.

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема доволно имунитет со прележан Ковид-19 или со една доза вакцина, порачува Филипче

Редакција

Минатата недела пораснал бројот на лица кои по вторпат се заразиле со Ковид-19

Редакција

Се роди најголемото бебе во државата

Редакција