еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Американскиот министер за здравство за руската вакцина против Ковид-19: Важна е ефективноста, а не да се биде прв

Министерот за здравство и социјала на САД, Алекс Аза, ја искоментира информацијата за тоа дека Русија официјално регистрирала прва вакцина против коронавирусот во светот.

„Главното не е во тоа да се биде прв во добивање на вакцина. Главно е да се има вакцина која е ефективна и безбедна за американскиот народ и за сите луѓе во светот, изјави министерот денеска во емисијата „Добро утро Америка“ на Еј-би-си.

Според него, Русија одобрила вакцина пред завршувањето на финалната, трета фаза клинички испитувања, а сепак досега не објавила никакви научни податоци од првите две фази.

Министерот додаде дека две од шест разработени вакцини во САД се наоѓаат во финален стадиум на тестирање, пред да бидат конечно одобрени за употреба од Управата за храна и лекови (ФДА) на САД.

-Сметаме дека се наоѓаме на вистинскиот пат за добивање на десетици милиони вакцини одобрени преку златниот стандард на ФДА до декември, и стотици милиони дози со почетокот на новата година, појасни тој.

Истакна дека тоа најмногу зависи од брзината на спроведување на клиничките тестови и вакцинацијата на луѓето, кои потоа се изложуваат на вирусот.

За регистрацијата на вакцината и за тоа дека таа е подготвена за употреба денеска соопшти рускиот претседател Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО и Русија разговараат за тестирање на безбедноста и ефикасноста на руската вакцина

„Спутник 5“ – вакцина за политичка победа на Русија или вистински лек за корона вирусот

Путин: Русија ја има првата вакцина против корона вирусот, вакцинирана е и мојата ќерка

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи во понеделиник

Редакција

Членови на МАНУ: Македонија не смее да се сведе само на географски поим, македонскиот идентитет е богат

Редакција

Нови 347 заболени од Ковид-19 од 2.383 тестирања, во Скопје 157

Редакција