еМагазин
Image default
Македонија

Амнестија за „27 април“ побарал и адвокатот Еленко Миланов, кој е бранител на неколку од обвинетите

Меѓу 62-те лица кои поднеле барање за амнестија за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија е и адвокатот Еленко Миланов кој е бранител на неколку од обвинетите за случувањата.

Пред почетокот на денешното рочиште во Кривичниот суд претседателот на судечкиот совет Добрила Кацарска го праша дали можеби е обвинет за настаните од 27 април.

-Ваше законско право е да поднесете барање за амнестија, но не знам по кој основ е. Дали можеби и вие сте обвинети, праша судијката Кацарска.

Рочиштето требаше да продолжи со изнесување дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите Митко Чавков, Душко Лазаров и Игор Југ, но поради важечката амнестија судијката Кацарска побара да одлучат обвинетите дали доказите да се изведат денеска или на следното рочиште кога, како што рече, ќе се знае дали некој е амнестиран или не.

Обвинителката Ивана Трајчева побара доказите сепак да се изведат, а тоа го поддржа и поголем дел од одбраната на обвинетите. Да продолжи изведувањето на доказите побараа и обвинетите Јане Ченто и Игор Југ, кои не поднесоа варање за амнестија.

Судот одлучи да продолжи изведувањето на доказите од одбраната на обвинетиот Душко Лазаров.

Претходно адвокатот Сашко Дуковски, бранител на обвинетиот Митко Чавков посочи дека на 27 април немало ангажирано доплнителни полициски сили, бидејќи било одбиено одобреното барање за ангажирање 50 полицајци што било попишано од директорот на БЈБ Митко Чавков

-Тоа го изведовме во петокот. МВР трбаше да го достави до Судот, а не да се впушта во оценки, рече Дукоски и додаде дека го повлекуваат доказот со оглед на тоа што МВР го доставило до Судот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лажни сите дојави за бомби во училиштата во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Струшко

Редакција

Најчесто се млади лица: Непридржување до мерките го зголемува бројот на хоспитализираните корона пациенти во Тетово

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат за министер за внатрешни работи

Редакција