еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Ампева: Вработените во текстилните фабрики, трговските центри, во супермаркети, градежните работници имаат право на одмор еден ден во неделата

Владата започна со решавање на едно од најважните барања на „Гласен Текстилец“, недела да биде прогласен за неработен ден, информираат од таму.

Од таму потсетуваат дека на 25 јануари годинава беше одржана трибина на која Кристина Ампева од „Гласен Текстилец„ побара од тогашната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска, недела да биде прогласен за неработен ден.

„Вработените во текстилните фабрики, трговските центри, во супермаркети, градежните работници имаат право на одмор еден ден во неделата. Сега тоа не е случај, недела е работен ден за голем број граѓани.

Владата мора да донесе политичка одлука, како што направи со зголемување на минималната плата и во Законот за работни односи недела да биде неработен ден и да се најде систем како работниците да се плаќаат по час. Кога веќе се стремиме да станеме членка на Европската унија, треба да носиме и европски закони во кои работниците ќе имаат повеќе права,“ изјави тогаш Ампева.

Од „Гласен текстилец“ ја поздравуваат ваквата иницијатива од страна на Владата и порачуваат дека остануваат уште горливи проблеми кои никој не започнал да ги решава со децении.

Следна е евиденција на работно време поврзана со некоја институција , УЈП, ДИТ, како прекувремената работа би била евидентирана и платена согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството,“ велат од таму.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за наградната игра Мој ДДВ#Моја награда

Редакција

Битиќи не гледа потреба од замрзнување на цените

Редакција

Мартенс за иселувањето во Германија: Платите можеби се високи, но и давачките се големи

Редакција