На новинарско прашање дали можеби учествувал во одлуката за “замрзнување“ на прогресивното оданочување и дали како човек кој има удел во многу компании штити бизнис интереси, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција, дециден.
-Апсолутно не. Министерството за финансии ги правеше анализите, јас ги видов на владина седница кога беа разгледувани. Немав никакво влијание во делот на носењето на оваа одлука, нагласи вицепремиерот.
Во врска со реакциите на претходниот министер за финансии Драган Тевдовски и неговиот советник Бранимир Јовановиќ, не кажа ништо. Само рече дека секој има право да коментира и дека економијата треба да се води врз основа на реални бројки, а нив ги објаснија министерката и премиерот.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски го пофали Заев за враќање на рамниот данок
Тевдовски до пратениците на СДСМ: Ако го укинете прогресивниот данок не сте социјалдемократи