еМагазин
Image default
Македонија

Анализите на МАНУ покажале дека во Македонија нема мутација на коронавирусот од Велика Британија

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирусот, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус.

– Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму.

Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки, рече Филипче.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фамилијарни кластери во Скопје продолжуваат да го зголемуваат бројот на заразени со корона вирусот

Редакција

Владата ги прогласи 14 и 15. февруари за денови на жалост

Редакција

Кои се новите судии во Врховниот суд

Редакција