еМагазин
Image default
Забава

На 13 октомври Андерфест ќе се одржи по петти пат

Прогресивниот, музички фестивал Андерфест ќе се одржи по петти пат на 13.ти октомври 2023 година во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Публиката и овој пат на овој јубилеј ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која ќе покаже дека е одлична, велат организаторите на Андерфест.

Андерфест фестивалот веќе добро се препознава од страна на младите уметници и публиката и ова претставува единствен фестивал кај нас што е целосно посветен на младите актуелни музичари.

Од најавените бендови сите се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња, за кои организаторите очекуваатмногу публика и забава.

На Андерфест 5 ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

„Едвај чекаме овие шест бенда да се качат на сцената во МКЦ и да го превртат фестивалскиот под наопаку. Исто и вие?“, прашуваат организаторите од Андерфест Скопје

Продажбата на карти за концертот e започната и истите можете да ги набавите преку следниот линк bileti.mkc.mk.

За првите 100 карти цената ќе биде 300 денари, потоа 400 денари, а на врата последен ден 500 денари.

Повеќе инфо за настанот: instagram.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Сите детали: Започнува фестивалот на светлосната уметност „Skopje Light art district 2020“

Редакција

(Фото) Елена Ристеска преубава на Миконос

Редакција

Мадона стана првата жена во историјата која имала Топ 10 албуми во пет различни децении

Редакција