еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Лебот нема да поскапи, тоа е само шпекулација, тврдат мелничарите

Цената на лебот во однос на брашното ќе нема никакви поместувања, освен ако драстично не поскапат енергенсите или електричната енергија како минатата година, тврдат мелничарите. Но, во таков случај, тие очекуваат Владата да реагира навремено и да ги изрегулира на соодветно ниво цените на енергенсите или струјата за да не се повтори, велат, проблемот од лани.

Според претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ, изминатите денови непотребно се крена многу прашина околу цената на лебот.

Како што изјави Малишиќ за МИА, Групацијата во консултации со најголемите индустриски производители на леб утврдила дека темата за зголемување на цената на лебот е само шпекулација во јавноста, поттикната од зголемувањето на цените на другите основни производи.

-Моменталната ситуација на цените на светските и регионалните берзи на пченицата, би рекол и покрај сите турбуленции околу војната во Украина, некако се стабилизираа на ниво од 230 до 245 евра тон за меркантилна пченица на најрелевантната Матиф Француска берза и на Чикашката берза од околу 205 до 215 евра по тон.

Регионалните цени во моментов се движат во тој опсег помеѓу цените од двете берзи и сите индекси од берзите за цените во Декември 23, Март 24 или Мај 24 па и по жетвата во 2024 се движат во истиот опсег.

Сите овие податоци ни даваат за право да веруваме дека по тој основ цената на брашното како и индиректно на лебот, посебно индустрискиот, ќе го задржат истото ниво на цени во идниот би рекол подолг период.

Покрај овие берзански индиции, нашата Групација, во консулатции со своите членки, односно во консултации со најголемите индустриски производители на леб, утврди дека темата за зголемување на цената на лебот се само шпекулации во јавноста поттикнати од страна на зголемувањето на цените на другите основни производи, истакнува Малишиќ.

Цените на брашната за индустриска употреба моментно се движат, зависно од типот и квалитетот, од 20 па до 35 денари, а во малопродажбата од 30 до 50 денари.

-Овие цени се веќе константни во последниве три месеци и со индикативните берзански цени ќе останат на исто ниво, што ни дава за право да потврдиме дека цената на лебот во однос на брашното ќе нема никакви поместувања, освен ако драстично не се зголемат цените на енергенсите или електричната енергија како минатата година.

Во таков случај очекуваме Владата да реагира навремено и да ги изрегулира на соодветно ниво цените на енергенсите или струјата за да не се соочиме со истиот проблем како лани, што беше една голема причина за поскапувањата, дециден е Малишиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените, вели Бесими за најавата за поскапување на лебот

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Време е за разум, да се донесе најдобрата одлука за иднината на државата, порача Џафери од Крушево

Редакција

Што пишува во предлог-програмата за работа на новата Влада

Редакција

Агенцијата за храна привремено ја затвори мензата во „Пелагонија“

Редакција