еМагазин
Image default
ЖИВОТ Македонија ТОП СТОРИИ

Активни три пожари, вчера имало 27

Во државава се активни три пожари, а вчера имало вкупно 27, информира изутринава Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите кај селата Горно Количани и Драчевица во Општина Студеничани каде е зафатена мешана шума, во село Орланци во Општина Арачиново каде гори ниска шума и во село Мелница во Општина Велес со зафатени борова шума и сува трева.

ЦУК соопштува дека се изгаснати 24 пожари, во општините Студеничани, Битола, Прилеп, Кривогаштани,  Крушево, Струмица, Радовиш, Струга, Дебар, Велес, Неготино, Кочани, Куманово, Липково, Брвеница и Гостивар. Пожарите биле на локации со сува трева, ниска шума, стрништа, депонии…

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Springfield ја лансира линијата R[ECO]NSIDER

Редакција

Предметот за Муареми ќе го работи Стефанова, а Коларевиќ за „Виа комерц“: Обвинителство ги распореди предметите на Русковска

Редакција

Во Дебар од Ковид-19 почина еден пациент, претходно починала и неговата сопруга

Редакција