Судот, на барање од одбраната, ја исклучи јавноста во делот од судењето каде Катица Јанева сведочи за доверливи информации за предметот „Рекет“ во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.
Претходно, Јанева рече дека со Бојан Јовановски најпрво неколку пати разговарале за гостување во емисиите на ТВ1. Освен официјалните средби, со Бојан развиле и неформално пријателатво и кафе пиење.
– Со Бојан најмногу разговаравме за модата, а зборувавме и за љубовта. Тој ме прашуваше што и како ќе носам во емисиите, а знаеше и да ме критикува за гардеробата, изјави Јанева.
Имав болки во грбот, рече Јанева, и барав некој мебел, па Бојан ми рече дека имале некоја компензација со продавница за мебел.
– Таа гарнитура е моја. Ја имам платено и за тоа имам од Бојан каса-прими, рече Јанева.
Нагласи дека со Бојан никогаш не разговарале за работата во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), укажувајќи дека ако имала потреба тоа го правела со обвинителите во СЈО.
МИА/Фото: Инстаграм/Боки 13
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено
Јанева на судењето за “Рекет“: Камчев како да знаеше за ПИ мерките за „Империја“