еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ангелов апелира до граѓаните да ги избегнуваат повисоките места кога се највени снежни врнежи

По обилните снежни врнежи во делови на земјава за време на изминатиот викенд, дефектите со електричната енергија, како и поплавите, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните да ја следат временската прогноза и да избегнуваат да одат на повисоките места доколку се најавени обилни врнежи на снег.

– Што се однесува до чистењето на снегот, нашите капацитети како држава се ограничени, но после 25 години, пред неколку дена за првпат се набавани 15 возила со снежен плуг и солар, со што е подновен возниот парк на ЈП за одржување на магистралните и регионални патишта.

Исто така се набавени и три машини таканаречени утоварувачи коишто се користат при чистење на снег. Дел од возилата на ЈП за одржување на патиштата се застарени, некои се расипуваат на лице место, доаѓа до дефекти и тие застануваат чистејќи го снегот, потоа таму треба да биде испратена екипа која ќе ги поправи тие возила, наведе Ангелов.

Тој додаде дека, од друга страна, граѓаните мора да бидат свесни дека ниту една дружава, па дури ни најмоќните држави на светот, не можат одеднаш да ги исчистат сите патишта, особено кога снегот постојано паѓа.

– Затоа и самите граѓани во овој зимски период треба да ја следат временската прогноза и доколку се очекуваат силни врнежи на снег да се избегнуваат повисоките места, кадешто снегот секогаш прави проблеми.

Доколку било кој граѓанин на државата се најде во животнозагрозувачка состојба, од било кои причини слободно може да го побара бројот 195.Ние во согласност со нашите можности ќе преземем мерки, нагласи директорот на ЦУК.

Тој додаде дека од поплава штити Јавното претпријатие „Водостопанство“, кое што тогаш кога нема поплави ги чисти каналите за одводнување.

„Ние уште пред неколку месеци најавивме дека оваа сезона се очекуваат поплави затоа што ова е една од најсушните години во последните неколку децении. Ние предупредивме, имавме и неколку координативни состаноц и со ЈП „Водостопанство“, но и со претставници на локалната самоуправа, истакна Ангелов.

Тој додаде дека каналите коишто се надвор од урбаната зона ги чисти „Водостопанство“, а каналите коишто се урбаниот дел во самите општини се надлежност на јавните комунални претпријатија.

– Апелираме до граѓаните да ја научат лекцијата, бидејќи поради неисчистени терцијални канали на неколку места дојде до излевање на водата и водата прави големи штети и на земјоделското земјиште, но и на објектите, особено на куќите во кои што водата навлегува, потенцираше Ангелов.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишува во биографијата на новиот претседател на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски

Редакција

Грција од денеска се подготвува за ново невреме кое ќе трае до среда

Редакција

Европратеникот Андреас Шидер предлага надворешни историчари да им помогнат на Скопје и Софија за спорот

Редакција