еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Одобрени се 631 бескаматни кредити со „Ковид 1“ линијата на Развојната банка

Вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од „Ковид 1“ линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра, соопшти на Фејсбук министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Во овие фирми, како што посочува таа работат 5.588 вработени.

“По структура од вкупно одобрените кредити: 76 отсто се за микро претпријатија со до 10 вработени,
22 отсто се за мали фирми со до 50 вработени и еден отсто се за средни компании со до 250 вработени.

Од вкупно одобрените 4,7 милиони евра 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризам.

Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 во висина од осум милиони евра, пишува таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски нето-плати во јули

Редакција

1.000 субјекти пред пропаѓање: Игротеки, установи за едукација, објекти за веселби бараат да почнат да работат или финансиска помош

Редакција

Од 1.јануари цигарите поскапи за 5 денари

Редакција