еМагазин
Image default
Македонија

Градоначалникот Јанкоски: Состојбата со Ковид-19 во Вевчани се смирува

Состојбата со коронавирусот во Вевчани се смирува, а бројот на новозаразени драстично е намален, оцени градоначалникот Сашо Јанкоски, кој раководи со Општинскиот кризен штаб.

Првиот човек на Општината забележа дека се имплементираат мерките за заштита од Ковид-19, што според него, дава резултати.

„Доследно се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19, препорачани од Комисијата за заразни болести. Угостителите се придржуваат кон препораките, во 18 часот сите ресторани и кафетерии се затворени.

Примената на мерките дава резултати, ако се земе предвид фактот дека бројот на заразени во Вевчани беше голем, речиси да немаше семејство без заразен,“ изјави Јанкоски.

Во моментот во Вевчани, според директорот на Здравствениот дом, Јован Стојковски, има 40-тина активни случаи, бројка што повеќе од двојно била изминатиот период, кога беше пикот во селото.

– Дневно се регистрираат еден до два позитивни случаи на Ковид 19, а активни во моментот има околу 40. Бројот на инфицирани драстично е намален, во пикот достигнуваше и над 80 потврдени случаи со коронавирус, истакна Стојковски.

Во Здравствениот дом, додаде, дневно се третираат 15 пациенти, со лесна клиничка слика.

Директорот на установата изрази задоволство што локалното население покажало одговорност и постојано донирале заштитна и друга опрема, маски, средства за дезинфекција и други потребни материјали за Здравствениот дом.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство поведе истрага за застрелувањето на Ваљон Беља: Три лица приведени, едно во бегство

Редакција

Жител на селото Неготино Полошко позитивен на Ковид-19

Редакција

Од коронавирусот почина маж од Лабуништа на 70 годишна возраст

Редакција