еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Се расчистува депонијата во Визбегово која е со големина од 10 фудбалски игралишта

Градот Скопје денеска почна голема акција за расчистување на дивата депонија во Визбегово, која претставува повеќедецениски еколошки проблем за Скопје, а особено за жителите на околните општини Шуто Оризари, Бутел и Чучер Сандево.

Од оваа депонија која се протега на површина од 10 хектари (околу 10 фудбалски игралишта) ќе бидат расчистени околу 50.000 кубни метри шут и комунален отпад.

„Овој проблем овде постои повеќе децении и директно влијаеше врз квалитетот на воздухот зашто депонијата често беше предмет или на самозапалување или пак ја палеа несовесни граѓани.

Јас очекувам во наредните 30-на дена да ја исчистиме оваа површина од околу 10 хектари или околу 10 фудбалски игралишта од која ќе бидат подигнати 50.000 кубни метри комунален смет и шут, да се израмни и да се заштити подрачјето, за овој простор од депонија да прерасне во зелена оаза,“ рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на големата акција за расчистување на депонијата во Визбегово.

Министерството за животна средина и просторно планирање побара средства за чистење на депонијата во Визбегово во вредност од 20 милиони денари.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двојно зголемена брзината на растот на нивоата на морињата во светот, соопшти Светската метеоролошка организација

Редакција

За седум месеци Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси од реномираниот производител МАН

Редакција

(Фото) Загадена си, валкана си, ама за нас си најубава: Поинаква честитка за денот на ослободување на Битола

Редакција