еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанкулоска во најблизок контакт со Јанакиески, со Ставрески не комуницира

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е во затвор за случајот “Тенк“ во интервју за “360 степени„ вели дека во најблизок контакт останала со поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

„Тешко е да зборуваме за некаков контакт кога моите контакти со надворешниот свет се целосно елиминирани.

Со дел од колегите, тогаш кога имало прилика, сме се виделе, сме поразговарале. Можам да кажам дека во најблизок контакт останав со Миле Јанакиески, иако и кај него условите се сменети и комуникацијата е значително отежната. Не сме во ист затвор, но дури и да сме, машкото и женското одделение за издржување казна се тотално разделени и ние воопшто немаме комуникација“, вели таа во интервјуто.

Со поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески изминатите неколку години воопшто немале контакт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најтешко ми е што сум разделена од синот, вели Јанкулоска во интервју за „360 степени“

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „Доказ“ за изземање на скопското ОЈО

Редакција

Денеска попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветар

Редакција

Разрешени министрите на Алтернатива – Сали, Алити и Чупи

Редакција