еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најтешко ми е што сум разделена од синот, вели Јанкулоска во интервју за „360 степени“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“, говореше за тоа како го поминува времето во Идризово, за семејството и за односот со членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Јанкулоска, најтешко и е што физички е одвоена од нејзиниот син, кој на две години и три месеци останал без нејзе, а сега имал пет години.

„Во целава оваа ситуација, тоа е најтешкиот дел и тоа не само за мене, затоа што нели, како возрасен човек секогаш се трудите да ја разберете ситуацијата и да најдете некое образложение дури и кога такво не постои,“ вели Јанкулоска во интервјуто.

Таа исто така изјави дека не го одобрува бегството на Никола Груевски, и доколку се сретне со него, нема за што да зборуваат.

За условите во затворот истакна дека се катастрофални, а непосредна сосетка ѝ е и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

„Имаме пристојна комуникација како и со сите други, на теми и прашања поврзани со нашето секојдневие,“ изјави Јанкулоска.

Времето во затворот го поминува со читање на многу книги и фитнес вежби.

Јанкулоска е три години во затвор за предметот „Тенк“, кој што се однесува на набавката на мерцедесот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанкулоска во најблизок контакт со Јанакиески, со Ставрески не комуницира

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Сите светла“, дует на Лара Иванова со Јосиф Ристовски

Редакција

МНР вработува 16 службеници

Редакција

Убава вест: 514 оздравени од Ковид-19

Редакција