еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска ќе побара Иванов да користи канцеларии во државна сопственост, а не да плаќа 4.500 евра месечно

Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост.

Претседателката на Комисијата, Биљана Ивановска на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) рече дека сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една нетранспарентна постапка и се најмени од блиско лице. Месечно според Ивановска за сите трошоци се плаќаат околу 4.500 евра, без платите на вработените.

Ивановска рече дека во мала и сиромашна држава како нашата се трошат многу средства за поранешните претседатели, а нема ниту ограничувања колку години треба да им се покриваат трошоците по завршувањето на нивниот мандат, како што е во најголем број држави во регионот и пошироко. Тие, како што кажа таа, дури не поднесуваат ни извештај какви активности имале или имаат.

Според пресметките на Антикорупциска, за десет години за трошоците на поранешните претседатели се потрошени еден милион деведесет илјади и 580 евра.

Од тие причини ДКСК исто така предлага да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот и да се поднесе иницијатива до Собранието за преиспитување на законското решени во смисла на ограничување на времетраењето на привилегиите на поранешните претседатели.

МИА/Фото: Фејсбук/Иванов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кабинет на Иванов: Претседателката на ДКСК со невистини се обидува да ја манипулира јавноста

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците за 5 години потрошиле речиси 3 милиони евра за патни трошоци, соопшти Антикорупциска

Редакција

Случај „Талир 2“: Имотот на ВМРО-ДПМНЕ не е заслуга на две лица, вели адвокатот на партијата

Редакција

Штипските епидемиолози почнаа со тестирањето на работниците од петте конфекции

Редакција