еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска ќе собира информации за набавката на кинеските вакцини, па ќе одлучи дали ќе отвори предмет

Државната комисија за спречување на корупција  (ДКСК) на денешниот колегиум одлучила да пристапи кон собирање доволно информации во врска со наводите што се појавија во медиумите, а се однесуваат за набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм.

– Потоа во зависност од прибраните податоци ќе одлучи дали постојат доволно елементи за отворање предмет во надлежност на ДКСК, изјави за МИА претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Според неа, како што изјави за РСЕ, во оваа ситуација треба да се вклучат и другите органи како Јавното обвинителство.

Премиерот Зоран Заев вчера на новинарско прашање во врска со пишувањата на италијанскиот весник „Ла верита“ за набавката на кинеските вакцини за државава ги отфрли обвинувањата за незаконско дејствување.

Кажа дека за набавката на вакцините се одело преку приватни фирми, во случајов и преку Пауер Чајна, а нарачката е направена преку кинеската Амбасада и МНР на Кина на барање на кинеските власти.

-Апсолутно негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување. Затоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани, час поскоро.

Јас, а и министерот за здравство ја информираше јавноста дека после две недели чекање на активности на Кинеската амбасада, ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакти и дадовме нарачки преку приватни компании кои МНР не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен.

Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку Кинеската амбасада, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче за натписите на „Ла Верта“: Да не се компромитира процесот за набавка на вакцини со измислени афери

Заев негира незаконска набавка на вакцини од кинески „Синофарм“: Одевме и преку приватни компании и преку „Пауер Чајна“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деца од „Мал битолски Монмартар“ се сретнале со бугарски политичари, институциите формираат предмет

Редакција

20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани

Редакција

Османи од Албанија: Ќе го заштитиме македонското малцинство

Редакција