еМагазин
Image default
Македонија

Груби лаги се инсинуациите дека лица од македонската опозиција, меѓу кои и лидерот на СПМ, се бугарски граѓани, регираат од партијата

Во целосна немоќ бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов сиот гнев се обиде преку Фејсбук пост да го истури врз опозицијата во Република Македонија, како единствена која ги брани националните интереси на македонската држава и која застана во заштита на Македонците во соседните држави, реагираат од Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).

“Обидот да се инсинуираат лица од македонската опозиција, вклучувајќи го и претседателот на СПМ, дека се бугарски граѓани само уште еднаш го покажа моралниот капацитет на овој човек кој редовно се служи со невистини и користи груби лаги.

Можеби е подобро тој Бугари да побара меѓу неговите овдешни пријатели и оние кои неговите политики ги премолчуваат или ги поддржуваат.

Социјалистичката партија на Македонија не очекува никаква реакција од оваа Влада затоа што веројатно токму таа е инспираторот на фабрикувањето невистини и промотор на лажните вести со кои се цели да се сокријат коруптивните афери и скандали, кои секојдневно се случуваат пред очите на македонската јавност“, велат од СПМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петар Богојески немал бугарски пасош: Каракачанов веќе ја преминува црвената линија

Ниту еден од посочените функционери на ВМРО- ДПМНЕ нема бугарски пасош, реагираат од партијата за објавата на Каракачанов

Каракачанов објави листа на Македонци со бугарски пасош

Фото: Каракачанов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат судењата за „Траекторија“ и „Монструм“ на СЈО

Редакција

Адвокатот Миланов побара ослободителна пресуда за обвинетиот Андреј Костовски за случајот со убиството на ракометарот Тот

Редакција

Вештачењето во „Тврдина-Таргет” е изготвено од лице без лиценца, вели Јанкулоска

Редакција