еМагазин
Image default
Локално

Штетата од пожарот во „Глобал“ на сопствениците на тезги и продавниците е процената на над еден милион евра

Комисијата за проценка и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица денеска утврди дека вкупната штета од пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ на сопствениците на тезги и продавници изнесува вкупно 65.609.589 или над еден милион евра.

До Комисијата биле поднесени и прифатени вкупно 70 барања за проценка на штетата, од кои 20 се од физички и 50 од правни лица.

Во Извештајот на Комисијата се додава дека во пожарот се оштетени деловни простории, уништени или оштетени основни средства, како и трговска стока.

Извештајот утре треба да го разгледа Советот на општина Струмица, а Комисијата предлага на оштетените граѓани и деловни субјекти да им се даде помош во вид на непосредна парична помош или помош во намалување, односно ослободување од даночните обврски кои ги имаат кон владините институциите, како и обврските кон локалната самоуправа.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот.

Од почетокот на овој месец почна со работа делот од Градскиот пазар, кој не беше опожарен, како и продавниците на сите спратови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен дилер на дрога во Велес

Редакција

Тракторист загинал во Неготино

Редакција

(ВИДЕО) Жената која ја нападна таксист за Канал 5 раскажува за инцидентот

Редакција