еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска ќе отвори предмет за „Еуровиа“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет поврзан со компанијата „Еуровиа“, која го доби тендерот на Министерството за надворешни работи (МНР), во вредност од 1,8 милиони евра.

– На денешниот колегиум ДКСК утврди дека во конкретниот случај постојат елементи за наделжно постапување на комисијата и од аспект на материјалноста, бидејќи се работи за високи износи, но и за ризици за политичка поврзаност, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, објави Телма.

Отворањето предмет од страна на ДКСК следува по објавените информации во јавноста дека „Еуровиа“ добила тендер од 1,5 милиони евра без ДДВ за да ја преадаптира салата „Борис Трајковски“ за министерскиот состанок на ОБСЕ во ноември и во декември. Но, и лани имала тековни зделки со државата и општините, а според јавно објавените податоци истата година фирмата донирала и 1,8 милиони денари на политичката парија ДУИ, а еден од сопственици на Елмедин Адеми донирал 2,5 милиони денари.

Согласно Законот за финансирање политички партии, партии не можат да се финансираат од „приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпијатија и фондови по пат на договор“.

Од „Еуровиа“ негираат дека има прекршување на законот. Во соопштението не пишува која „Еуровиа“ со кој даночен број донирала со оглед на тоа што има неколку фирми кои го содржат името „Еуровиа“, а се поврзани со истоимената групација. Сопственици се Елмедин Адеми и Елдин Адеми, кој од минатиот месец, е шеф на огранокот на ДУИ во Јегуновце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еуровиа, која лани била најголем донатор на ДУИ го добила милионскиот тендер на МНР оти имала најниска понуда

МНР склучи договор со „Еуровиа“ од Желино вреден 1,8 милион евра

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипската модуларна болница преполна со пациенти, еден пациент почина

Редакција

„Буквално никој не верува дека Сашо Мијалков ќе лежи и ден од тие три години затвор“: Твитер за пресудата за Мијалков

Редакција

Колку ќе добие Македонија: За 50 милиони долари продадена зградата на мисијата на СФРЈ во Њујорк

Редакција