еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска отвори предмет за кршење на законот при именувања директори во ФЗОМ

Антикорупциска комисија отвори предмет оформен по анонимна пријава во однос на изборот на директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Имено, на еден од директорите на 26 мај 2019 година му престанал мандатот, но не бил објавен јавен конкурс од Управниот одбор (УО) како што пропишува Законот и по истечен мандат од еден месец и 10 дена повторно на 4 јули, истата година, бил назначан за в.д директор на Фондот истиот директор, што е во спротивност со Законот за здравствено осигурување.

Членот на Државната комисија за спречување корупција Нури Бајрами појасни дека при разгледување на овој случај (со Орхан Рамадани) наишле на уште едно вакво прекршување на Законот со именувањето за в.д. директор на Данаил Дончев (на 3 август 2018 е именува за в.д. по разрешување на Сашо Стефановски, по 6 месеци конкурс не би распишан и на 6 февруари уште еднаш бил именуван за в.д. директор).

-Надлежноста за објавување на оглас за избор на директори е на УО, но во случај да се разреши директорот од која било причина тогаш не се објавува оглас, а Владата именува вржител на дожноста и веднаш треба да отпочне постапка од страна на УО за избор на директор.

Законите не се почитуваат, а во овој случај има пропусти и од Владата и од министерот. Наша предлог одлука е да се покрене иницијатива за разрешување на Управниот одбор на ФЗОМ, рече Бајрами. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

Редакција

Владата им додели апанажа на четворица бивши директори на државни институции

Редакција

Интерпелацијата на Димитров утре пред пратениците

Редакција