Австралиската фирма Pela Global Limited (Пела глобал лимитед), која работи на проекти за рударство и обновлива енергија низ Југоисточна Европа, е во фокусот на јавноста откако беше објавена информацијата дека ќе ископува антимон во рудникот Крстов Дол, кој се наоѓаат на околу 20 километри од Крива Паланка.
Антимонот е редок металоид, кој се нарекува и „злато на новото време“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
5 милиони евра од САД за ископувањето на реткиот антимон во Македонија
Пред неколку денови во рамки на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД што се одржа во Вашингтон, фирмата склучи договор за помош со американската владина агенција U.S. International Development Finance Corporation (DFC) од 5 милиони долари за повторно отпочнување на ископувањето на антимон во Македонија.
Договорот во име на Pela Global Limited, го потпиша Ник (Николче) Јовановски, извршен директор, кој по потекло е Македонец, и живее во Австралија, а беш дел од македонската делегација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои министри се во Вашингтон: Нова сесија од стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД
Антимонот кој ќе се ископува во Македонија ќе се продава во САД и ќе се обработува во топилница која би се градела во американската сојузна држава Оклахома.
Во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон во рудникот Крстов Дол.
Која е Pela Global Limited
Според информациите објавени на официјалната страна на Pela Global Limited, истата работи во областа на критични и скапоцени метали.
Во врска со Македонија се споменуваат два проекти – експлоатација на антимон во Крстов Дол и проектот Самар Голд за експлоатација на злато, сребро, олово, цинк и бакар, во кривопаланечко Луке.
За експлоатацијата на антимон се вели дека проектот е во напредна фаза.
Фирмата од македонскиот Геолошкиот институт добила дозвола да врши: „дијамантско дупчење за да се потврди континуитетот на минерализацијата, степенот и геометријата на рудникот, понатаму да врши геофизички истражувања, алтерациски минералогии, геохемија на минерални патеки, комерцијална лабораториска анализа (геохемија) и металургија“.
Јовановски е основач и еден од директорите уште од основањето на фирмата.
Порталот Призма неодамна објави дека Македонската православна црква – Охридска архиепископија формирала заедничка фирма со Pela Global Limited за производство на електрична енергија од обновливи извори, при што влогот на МПЦ бил 20, а на австралиската фирма 80%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија ќе купува течен природен гас од САД
Кој го сака реткиот металоид антимон од кривопаланечкото село Луке














