еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апасиев вели дека опозицијата треба да размисли за радикализација на методите

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев синоќа пред Собранието оцени дека ситуацијата е алармантна и дека е парализирана демократијата.

Во изјава за медиумите, Апасиев рече дека според него потребна е политичка радикализација на опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Киднапирале пратеник мислејќи дека така нема да паднат

– Јас сум на тој став, бидејќи очигледно тие ги користат сите полуги на власта за да оневозможат демократска транзиција на власта и мислам дека треба опозицијата да размисли за радикализација на методите.

Тоа значи протести, блокади, парализа на Собранието. Само по себе законодавниот дом веќе не постои, веќе знаете – ситуацијата е 60:60. Тие со вакви методи може да стигнат и до 90, изјави Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Абе не ви текна уште еден у скафандер да пратевте као демек Реџепи е“: Твитер реакции

Владата на Зоран Заев преживеа

Опозицијата бара брзи предвремени парламентарни избори, нема да се повлече иницијативата за гласање доверба на Владата

МИА/Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Државен удар во Мјанмар, војската ја презеде власта

Редакција

Пензиите ќе се исплаќаат на почетокот на месецот

Редакција

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на Македонија на ГРОМ

Редакција