еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апасиев: Враќањето на иницијативата за референдум од страна на Џафери е само купување време

Лидерот на политичката партија Левица Димитар Апасиев изјави дека враќањето на нивната иницијатива за референдум од страна на претседателот на Собранието Талат Џафери е само купување време, но дека тие ќе ја направат корекцијата во дадениот рок и повторно ќе ја поднесат.

-Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не е ист случај како со претходната иницијатива на ДПМНЕ. Ако правилно го читаме, иницијативата е вратена на корекција, односно спикерот Џафери спротивно, во негов стил силеџиски, како уставен судија, но сега со друга финта ни ја врати да ја усогласиме во рок од 15 дена. Ние впрочем тоа и ќе го направиме, изјави Апасиев за ТВ Сител.

Тој смета дека правното толкување на Џафери кое што е неиздржано е оти заклучокот бил став, а не бил акт и според тоа прашањето не било соодветно поставено.

-Имено, тој го занемарува членот 24 од Законот за референдум и други одлуки на непосредно изјаснување на граѓаните каде што вели дека дополнителен референдум каков што ние бараме може да се распише за други прашања за кои одлучувало Собранието.

Токму такво прашање, значи не се бара акт, туку прашање е заклучокот, односно заклучоците коишто ние ги ставаме на референдум. Оттука, ова враќање на спикерот Џафери е само добивање време, односно купување време, подвлекува Апасиев.

Тој го повтори ставот дека доколу Џафери ја отфрли иницијативата откако ќе ја коригираат ќе почнат со целосна блокада на Собранието.

-Се надеваме дека нема да се дрзне, бидејќи во спротивно ќе го блокираме целото Собрание затоа што тоа не е негова своина, не е негова сопственост и за ова одбивање ќе добие и соодветен поднесок од мене против него лично, бидејќи како физичко лице ми ги објавил моите лични податоци што исто така е кривично дело, вели Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери ја врати иницијативата на Левица за референдум: Барањето не е во согласност со Деловникот, прашањето е несоодветно поставено

Фото: Фејсбук/Апасиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново рочиште за „Монструм“

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Државниот инспекторат за техничка инспекција за набавка на теренски возила вреден 4,8 милиони денари

Редакција