еМагазин
Image default
Локално

Апел од Комунална хигиена: Пакувајте ги фрлените маски, за да ги заштитите работниците

Во текот на изминатите неколку месеци, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочуваат со големо количество отпад од заштитни маски и ракавици што граѓаните го исфрлаат на јавните површини или пак несоодветно спакуван го одлагаат во садовите наменети за комунален отпад, информираат од претпријатието.

Употребените заштитни маски особено претставуваат потенцијален извор на зараза и согласно епидемиолошките препораки, овој тип на отпад треба да биде одложен уредно спакуван во двојни кеси.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје го третира отпадот од заштитна опрема како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го одлагаат во садовите поставени на јавни површини, без разлика дали станува збор за надземни и подземни контејнери, канти или корпи за отпадоци.

Но, до жителите на градот Скопје апелираме употребените заштитни маски да ги одлагаат правилно и совесно и тие да бидат соодветно спакувани, со цел да се заштити здравјето на вработените во Претпријатието коишто секојдневно доаѓаат во контакт со овој потенцијално контаминиран отпад и воедно да се намали ризикот од ширење на вирусот Ковид-19“, изјави директорот на ЈП Комунална
хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривични пријави за две лица коишто организирале забави во викенд-куќи на Тиквешкото езеро

Редакција

Викендов поради градежни работи ќе биде затворен бул. „Партизански Одреди“ во Скопје

Редакција

Холандска туристка пронајдена мртва во хотел во Струга

Редакција