еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја укина пресудата за затворските казни за Мијалков, Грујевски, Јакимовски и Стајковиќ за „Трезор“

Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Трезор“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

– Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет  КОКЖ-100/21, во јавноста познат како „Трезор“, по одржана јавна седница, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите С.М. од С., Г.Г. од С., Н.С. од С. и Т.Ј. од С., изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, се наведува во денешното соопштение од Апелациониот суд.

При разгледување на побивата пресуда, како што се додава во соопштението, Апелациониот суд Скопје констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка, со што се доведува во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков од Кривичниот суд за „Трезор“ беше осуден на 8-годишна казна затвор, а со оваа одлука се укинуваат и казните на бегалецот Горан Грујевски, кој беше поранешен началник на Петтата управа во МВР и на поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, како и на поранешниот помошник министер во МВР, Небојша Стајковиќ.

Грујевски беше осуден на казна од 15 години, Јакимовски на 5 години, а Стајковиќ на казна затвор од 5 години.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васко Стефанов ја презеде функцијата директор на ЕСМ

Редакција

Од денеска нова цена на мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција

(Фото) Одржливата мода се среќава со свесниот иновативен дизајн – прв ден од Моден викенд Скопје

Редакција