еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација го потврди решението на Кривичен: Мијалков останува во притвор

Апелацискиот суд во Скопје го потврди решението на Кривичен за одбивање на гаранцијата на поренешниот директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, со што тој останува во притвор во Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Од Апелација за МИА, потврија дека денеска е одлучувано по жалбата, дека е потврдено решението и Сашо Мијалков останува во притвор.

Кривичниот совет во Основниот кривичен суд во Скопје на 20 мај, донесе решение, со кое ја одби понудената гаранција од околу 10,8 милиони евра за Мијалков да се брани од слобода, на што тој вложи жалба пред Апелација.

Сашо Мијалков се наоѓа на издржување мерка притвор за предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор. Тој е неправосилно осуден и на 12 години затвор за случајот „Таргет-Тврдина“, додека на 17 јуни треба да ја слушне и пресудата за случајот „Тортура“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој нема да одговара за бегството на Сашо Мијалков, одлучи Обвинителство

Мијалков останува во притвор, судот ја одби понудената гаранција од речиси 11 милиони евра

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се зголемува бројот на пензионери: Остарени живеат во сиромаштија со петнаесетина илјади денари

Редакција

Повеќе жени: На возраст од 50-59 години се најмногу од новозаразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

МОСТ: Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера

Редакција