еМагазин
Image default
Македонија

Апелација одлучува за затворските казни на Мијалков и Јанкулоска за „Таргет-Тврдина“

По една година од кога беше објавена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, денеска во Апелациониот суд Скопје, почна јавната седница за жалбите поднесени од обвинетите Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и останатите обвинети за овој предмет, кој се однесува на масовното незаконско прислушување на стотина граѓани на Северна Македонија, во период од 2008 до 2015 година.

За овој случај, Основниот Кривичен суд – Скопје на 26 февруари 2021 година изрече казна затвор од 55 години и 10 години условни казни.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, од страна на првостепениот суд е казнет со казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Додека, обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, доби четири години казна затвор за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Судија известител на денешното рочиште во апелација е судијата Енвер Беџети, а како застапник на Вишото Jaвно обвинителство Скопје е обвинителот Елвин Вели.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Кои се надлежностите на претседателот на државата

Редакција

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле: Заболени од корона вирусот 8 медицински лица и 2 пациенти

Редакција

Извештај на ИЈЗ: Најголемо намалување на бројот на заболени со Ковид-19 кај лицата на возраст од 10-19 години

Редакција