еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва дозволи хуманитарни коридори, ама Украинците треба да се евакуираат во Белорусија или Русија

Украина денеска потврди дека преговара со Русија за воспоставување хуманитарни коридори, но властите нагласуваат дека тие најверојатно нема да бидат воспоставени додека руските сили се обидуваат да напредуваат.

Киев, исто така, оценува дека предлогот на Русија за отворање хуманитарни коридори е „целосно неморален”, бидејќи Москва предложи на граѓаните да им биде дозволено да се евакуираат од украински градови во Белорусија или Русија.

Портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович, рече дека на Украинците треба да им се дозволи да одат каде што сакаат, но препорача да не се евакуираат во Русија.

„Ова е целосно неморална приказна. Тие се граѓани на Украина, треба да имаат право да бидат евакуирани на територијата на Украина”, изјави портпаролот на Зеленски.

На барање на францускиот претседател Еманауел Макрон упатено до рускиот претседател Владимир Путин, руските оружени сили од 10 часот објавуваат прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори од Киев, Мариупол, Харков и Сума, соопшти Меѓуресорниот координативен штаб за хуманитарна реакција во Украина.

„Земајќи ја предвид катастрофалната хуманитарна ситуација и нејзиното нагло влошување во градовите Киев, Харков, Сума и Мариупол, како и на лична молба на претседателот на Франција, Емануел Макрон до претседателот на Русија, Владимир Путин, руските оружени сили од хумани причини објавуваат прекин на огнот на 7 март 2022 година од 10 часот, како и отворање хуманитарни коридори”.

Во информацијта уште се додава оти контролата на излегувањето на населението од градовите руските сили ќе го надгледуваат со помош на дронови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Многу Руси не знаат што се случува во Украина, ќе дознаат кога војната ќе ги удри по џеб

(Видео) Анонимуси хакираа руски телевизии, на Русите им пуштија снимки од руските воени дејствија во Украина

(Видео) Брутално тепање и апсење на Русите кои протестираат против војната во Украина

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велика Британија одобри употреба на вакцините на Оксфорд и на АстраЗенека

Редакција

Францускиот нон-пејпер на разгледување во Владата, Париз бара новата методологија да се објави до јануари 2020

Редакција

Американците сега се главните снабдувачи на гас и нафта за Европа, но цените се многу високи

Редакција