еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација потврди, велешанката Пале Илоска ослободена од вина за убиството на насилниот партнер

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд во Велес кој донесе ослободителна пресуда за 23-годишната Павлинка Илоска, која при семејно насилство го уби невенчаниот сопруг Александар Ристовски.

Со оваа одлука Илоска, е целосно ослободена од вина.

Во пресудата на Основниот суд во Велес, според добиените докази од вештите лица, се докажува дека Илоска го извршила убиството во момент на самоодбрана кога бил загрозен нејзиниот живот.

Судијката Габриела Гајдова образложи дека Илоска е ослободена од обвинението земајќи го предвид фактот дека таа делувала во нужна одбрана и земајќи ги одредбите од член 9 став 1 од Кривичниот законик, кој предвидува дека не е кривично дело она што е направено во нужна одбрана.

Илоска во однос на овој случај изјави дека „тоа беше борба за живот, ако не беше тој, јас ќе бев мртва.“

„Кога почна да ме дави, немав сила да се спротивставам. Се вративме од гости околу полноќ, тој пиеше, а јас утрината не бев на работа и сакав да спијам.

Побара од мене да направам есап колку пари сме потрошиле, а јас од желба за сон, сум заспала. Тој во таква состојба се нафрли врз мене. Бев како фудбалска топка, ме шутираше со нозе, ме фати за врат, му реков немој Александар ќе ме удавиш, се уплашив. Почнав да губам свест, гледав само некоја светлина, немав воздух.

Во таа борба за живот, кога стигнавме до кујната, фатив некој предмет, не знаев што е, само сакав да го удрам и да ме ослободи. Почувствував дека наеднаш губи сила и ме ослободи. Видов дека има нож во градите,“ рече Илоска.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење, тврдат од Европска комисија

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 567 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Редакција

Раст на каматните стапки на депозитите и кредитите во февруари

Редакција