еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелациониот суд ја укина пресудата за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник 2“

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите во случајот „Титаник 2“, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување.

Одлуката е донесена на јавна седница одржана на ден 04.11.2019 година.

– Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна.

Во таа насока жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка, се вели во соопштението од Апелација.

Определените мерки на претпазливот изречени према обвинетите, судот одлучи да останат во сила.

Од Апелација, исто така, информираат дека вака донесената одлука и причините за истата ќе бидат објавени во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

За изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, Основниот кривичен суд во Скопје на 8 март 2019 година на обвинетите им изрече вкупно 19 години и осум месеци казна затвор.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков доби казна затвор од три години, исто толку добија и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, лидерот на ДПА, Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока од четири години и шест месеци му е изречена на Бедредин Ибраими.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео од дрон) Мицкоски од маршот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп: Власта многу ветуваше, но не исполни

Редакција

Ќе распише ли Џафери денеска претседателски избори

Редакција

Пад на индустриското производство во април

Редакција