еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Апостоловски и Цветковски поминаа 44 км со велосипед во еден ден во чест на 1.000 години Бигорски манастир

Се побројни се македонските спортисти и нивните подвизи во чест на 1000 -годишнинатата од основањето на македонското древно светилиште, Бигорскиот манастир.

Во низата до сега, се вброи и подвигот на двајцата искусни планинари и велосипедисти Јовица Апостоловски и Александар Цветковски, кои поминаа 44 километри со велосипед во еден ден и направија одличен подвиг.

-Тргнавме со добиениот благослов токму од нашиот македонски свет, сакан и почитуван божји храм, Бигорскиот манастир. Потоа се упативме кон селото Жировница од каде по земјен пат излеговме до бачилото.

Продолживме во правец на запад и излеговме на сртот, од каде се упативме јужно, движејќи се по целата должина на сртот што ги спојува планините Дешат и Крчин, искачувајќи ги највисоки врвови Веливар и Голем Крчин, вели Јовица Апостоловски.

Од Голем Крчин потоа се упатиле источно кон селото Битуше, поминувајќи низ село Ростуше, административен центар на општина Маврово и Ростуше, и продолжиле во правец кон нивната финална точка „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир.

-Поминавме растојание од 44 километри и совладавме висинска разлика од 2.300 метри надморка височина за време од 10 часа и 15 минути. Се искачивме со велосипеди на највисоките врвови на планината Дешат (Веливар 2.373 м.н.в.) и на планинатата Крчин (Голем Крчин 2.341 м.н.в.).

Им се заблагодаруваме на Бигорската и Раичката обител за нивниот топол пречек, дополнува Александар Цветковски.

Голема благодарност до двајцата спортисти, кои се членови на Планинарскиот клуб „Х2О“ за нивниот подвиг искажуваат и од бигорската и раичката обител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стружанката Мими Стојановска со велосипед помина 1.000 километри за 1000 години Бигорски манастир

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана за првпат овозможи наши питомци да се школуваат на престижната воена академија „Вест Поинт“ во САД

Редакција

Пронајдена почината жена на постојка под Железничката станица во Скопје

Редакција

Околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија

Редакција