еМагазин
Image default
Македонија

Сè уште не се знае дали Џафери денеска ќе биде избран за претседател на Собранието

Доколку денеска до Собранието биде доставен предлог со потписи од најмалку 20 пратеници, би можело да се очекува претседавачот Талат Џафери, кој воедно треба повторно да биде избран за претседател на законодавниот дом да закаже продолжение на конститутивната седница.

Сите пратенички групи неофицијално се известени дека продолжение на седницата би можело да биде закажано денеска на пладне. Но, неизвесно е дали ќе се одржи продолжение на конститутивната седница и нема официјални информации дали се собрани потписите за избор на претседател на Собранието.

Во текот на вчерашниот ден имаше разговори меѓу пратеничките групи, но дел од медиумите пишуваа дека проблемот е меѓу пратениците на ДУИ поради поделбата на ресорите.

Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, на оваа функција повторно ќе биде предложен досегашниот спикер Талат Џафери. Според информации од Собранието, пратениците вчера собирале потписи за предлогот Џафери да биде уште еден мандат претседател на Собранието.

Седницата за избор на Џафери ја најави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во средата, при објавувањето на министерските места на партиски состанок на највисокото раководство.

Со изборот на Џафери треба да биде и официјализирано мнозинството во Парламентот по склучениот договор за владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, а во која влегуваат партиите од коалицијата „Можеме“ и ДПА на Мендух Тачи. Според бројот, владејачкото мнозинството би имало 62 пратеници.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број пратеници.

По изборот, претседателот на Собранието во наредните денови ќе треба да закаже и седница за избор на новата Влада што ќе ја предводи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Рокот за поднесување предлог за избор на нова Влада е 2 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Функционер на ДУИ: Владата се гласа или паѓа со двата прста на Изет Меџити

Османи за надворешни, Бесими за финансии, Груби прв вицепремиер: ДУИ ги соопшти кандидатите за министри

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Нема да има предвремени парламентарни избори, пресече СДСМ

Редакција

Кај 3 лица од новозаболените со коронавирусот констатирана хронична и здравствени состојби

Редакција

Димитар Љоровски нов член на Заедничката комисија за историски и образовни прашања со Бугарија

Редакција