еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пет најниско платени професии: Сонуваат за просечна плата

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во јуни 2020 година изнесувала 26.867 денари.

Во Македонија има дејности каде што просечната плата е многу помала отколку државниот просек.за два пати поголема отколку државниот просек.

Први на листата на пет најниски просечни плати се вработените во секторот производство на кожа и слични производи од кожа со просечна исплатена плата во јуни од 15.284 денари.

На второто место е секторот туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив со просечна плата од 15.660 денари, а на третото се дејностите за подготовка на оброци и служење на храна (15.739 денари).

Потое следуваат секторите заштитни и истражни дејности (16.167 денари), објекти за сместување (16.549 денари) и рибарство и аквакултура (17.117 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 65.536 денари убедливо на врвот

Просечната плата во јуни изнесувала 26.867 денари

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Европа“ ја зголеми сопственоста во „Фершпед“

Редакција

(Фото) Македонскиот модел Татјана Тати Јанушева во трета кампања за светскиот бренд Tally Weijl

Редакција

Каков имот пријавил Рефик Џемаили, новиот директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот

Редакција