еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Потпретседателот на Беса, Аријанит Хоџа формира нова партија, Европска демократска партија

Поранешниот потпретседател на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, објави на Фејсбук дека ги собрал потписите за регистрација на неговата нова партија Европската демократска партија.

-Успешно заврши собирањето потписи за регистрација на Европската демократска партија. Бескрајна благодарност до сите основачи за нивната посветеност и волја да отворат нова страница на политичко дејствување. Со среќа!, напиша Хоџа на Фејсбук.

Хоџа неодамна ја најави промоцијата на новата партија за в сабота, ден пред одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор.

Партијата на Изет Меџити од „огнените“, за која исто така тој ги собра потребните потписи, се вика Демократско движење и ќе биде промовирана на годишнината на Рамковниот договор, в недела на 13 август.

МИА/Фото: Хоџа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коста Котески, член на УО на Реплек, купи акции на компанијата

Редакција

Нов рекорд: 307.930 новозаболени лица со Ковид-19 во светот за еден ден

Редакција

Македонија првпат домаќин на Европско првенство, Мукаетов повика на сплотеност во организацијата

Редакција