еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Нов рекорд: 307.930 новозаболени лица со Ковид-19 во светот за еден ден

Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека вчера се регистрирани 307.930 новозаболени лица со Ковид-19, што е рекорден број за еден ден.

Додека бројот на починати од последици од новиот коронавирусот вчера се зголеми за 5.537 лица со што вкупната бројка на смртни случаи во светот се искачи на 917.417.

Најголем пораст на заразени лица и понатаму има во Индија, САД и Бразил.

Во Индија регистрирани се 94.372 новозаболени лица, во САД – 45.523, а во Бразил – 43.718 лица.

Здравствените власти во САД и Индија пријавија над илјада починати за еден ден, додека во Бразил од последици од Ковид-19 починале 874 луѓе.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Маркантниот лик Мухамед Енуз снимаше за MM Scene Magazine

Редакција

Diners Club Македонија го прославува својот 30. роденден

Редакција

Русија вели дека нацрт мировниот договор предложен од Украина е „неприфатлив“

Редакција