еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за грабежот во банката во центарот на Скопје: Приведени две лица

Двe лица се приведени во врска со денешното разбојништво во банка во центарот на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Во Скопје денеска се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12:35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар, кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените, се наведува во соопштението од МВР.

Еден од разбојниците со пиштол испукал еден куршум. Во грабежот нема повредени. Полицијата презема дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица ограбиле банка во центарот на Скопје, едно од нив испукало куршум

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најдобрите 50. натпревари на единствениот Коби Брајант

Редакција

Владината СОЗР вработува шест лица, плата до 26.253 денари

Редакција

Бугарија е последна во ЕУ што може да ни држи предавања за копенхашките критериуми, вели Пендаровски

Редакција