еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Асоцијацијата на Ивент индустријата: Нашите бизниси се пред колапс

Асоцијацијата на Ивент индустријата ИВАП апелира и бара да се слушне нивниот глас и веднаш да се овозможи отпочнување на разговори за релаксација на овој сектор.

„Нашите бизниси се пред колапс. Мерките кои ги понуди Владата се недоволни и несоодветни за нашиот сектор, бидејќи намалувањето на прометот кај нас е 100%. Речиси 100 дена забранети се јавните собирања, настаните, концертите, семинарите и конгресите.100 дена забрана и неможност за работа на компаниите од оваа индустрија.

И додека во околните земји мерките целосно се релаксираат, а настаните се одвиваат без ограничувања, кај нас буквално никој и не размислува за оваа стопанска гранка,“  велат од ИВАП.

Од Асоцијацијата ИВАП додаваат дека оствариле средба со министерката за финансии на која ги разгледале можностите за рестартирање и помош за секторот, но се уште немаат никакви конкретни резултати од таа средба.

„Уште на почетокот на кризата предупредивме дека сме првите кои не затворија, на крајот на февруари и дека ќе бидеме последни што ќе не пуштат. Сега гледаме дека за жал сме биле во право.

Иако станува збор за сектор забава, нашите компании се сериозни и зад нас стојат најголемите и најзначајни оранизирани настани во Македонија. Нам и најдолго време ќе ни треба за да отпочнеме со работа, бидејќи подготовката на еден настан не се случува преку ноќ,“ велат од таму.

Од ИВАП информираат дека како искусни професионалци уште пред 20 дена изготвиле и доставиле детален протокол за одржување на настани, но дека и за ова немаат никаква комуникација со надлежните. За разлика од кај нас, настаните во регионот непречено се одвиваат, а СЗО на 29.05.2020 СЗО публикуваше документ во кој препорачува одржување на настани на отворено.

„Масовните собири не се само рекреативни настани, тие имаат важно влијание врз психолошката благосостојба на голем број на лица, можат да играат важна улога во промовирањето на здрави навики и да обезбедат вработување за голем број луѓе.

Бидејќи масовните собири имаат значителни политички, културни, социјални и економски импликации, властите треба да ја проценат важноста и потребата од одржување на настани и да ја разгледаат опцијата за нивно одржување, под услов сите ризици за јавно здравје да бидат соодветно адресирани и ублажени,“ препорачуваат од СЗО.

Тие велат дека доколку не им биде понудена соодветна поддршка и не бидат прифатени нивните барања ќе бидат приморани да ги отпуштат вработените и да ги затворат компаниите.

Освен редовно вработените, засегнати се и голем број на други сектори, индустрии и физички лица од различни профили – актери, музичари, водители, фотографи, сликари, дизајнери, костимографи, сценографи, светло мајстори, како и кастинг агенции, печатници, кетеринг служби, агенции за обезбедување, програмери, техничари, енергетичари, превозници, бравари, столари, и многу други.

Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП ја сочинуваат фирми кои се занимаваат со организација  на настани од секаков вид, компании за изнајмување на техника, видео и аудио продукции и техничка поддршка на настаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вклучете се: Утре донаторска акција на храна „Нахрани 10.000“

Редакција

Објавен Првомајски проглас: Товарот на пандемијата падна на грбот на работниците, богатите продолжија да се богатат

Редакција

Кои граѓани ќе може да добијат ваучери за инвертер-клими

Редакција