еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Директорите Аспазија Софијанова и Никола Васев поднесоа оставки

Министерството за здравство соопшти дека по барање од министерот Беким Сали поднесени се оставки од директорите на две универзитетски клиники – Клиниката за детски болести  и Клиниката за радиотерапија и онкологија.

-По барање на министерот за здравство, денеска до Министерството за здравство се поднесени оставки од двајца директори на универзитетски клиники.

Станува збор за директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, соопшти  Министерството за здравство.

Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.072 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, оздравеле 939

Редакција

Протоколот за членство на Македонија во НАТО ратификуван и од Чешка

Редакција

СДСМ и останатите партии да се изјаснат во врска со Декларацијата за Гоце Делчев, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција