еМагазин
Image default
Балкан

Атлантик Група: Силен раст на продажбата во сите области и на сите пазари

Атлантик Група во првите девет месеци од 2023 година забележa приход од продажба во износ од 721,6 милиони евра, што во однос на истиот период од минатата година претставува раст од 15,5%, информираат од таму.

Добивката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) порасна за 3,5% во однос на истиот период од минатата година и изнесува 73,1 милиони евра, додека нето добивката порасна за 1,7% и изнесува 36,5 милиони евра.

„Во сѐ уште нестабилното и предизвикувачко опкружување, Атлантик Група оствари голем раст на продажбата во сите сегменти, како и на сите важни пазари.

Со раст посебно се истакна сегментот Слатко и солено, па пијалоците, кои покрај вредносно, остварија и значаен количински раст на продажбата, а важно за истакнување е и дека и останатите волумени на продажба во другите сегменти беа стабилни, што е потврда за нашата стратегија и квалитетот на нашите брендови.

Одличните продажни резултати, и покрај високите трошоци на сировините и амбалажниот материјал, логистичките и другите услуги и енергенси, како и значајниот раст на платите, овозможија раст на профитабилноста. Благодарен сум на сите наши вработени, на купувачите, добавувачите и партнерите, за посветеноста и желбата секој ден од нашето заедничко работење да го направиме подобар“, истакна претседателот на Управата на Атлантик Група, Емил Тедески.

Слатко и солено, Пијалоци и Донат го предводат растот

Најголем раст од 30,7% е остварен во стратешката бизнис област (СБО) Слатко и солено, чии водечки брендови се Смоки и Најлепше жеље, и тоа под влијание на оптимизација на асортиманот, зголемени маркетиншки активности и успешното лансирање на нови производи.

Потоа следува СБО Пијалаци со носечкиот бренд Цедевита и раст од 19,4%, исто така со успешното лансирање на новата Цедевита витаминска вода, како и Бизнис областа (БО) Донат со раст од 12,1%.

Помеѓу дистрибутивните области предничи Македонија со раст од 19,9%, Хрватска со раст од 19%, Србија со раст од 16,5%.

Во вкупната продажба на Атлантик Група, сопствените брендови учествуваат со 62,5%, фармацевтскиот ланец со 8,9%, додека принципалските брендови учествуваат со 28,6% од приходите на продажбата.

Со 145,4 милиони евра, односно учество од 20,1% во вкупниот приход од продажба, кафето се издојува како најголема поединечна категорија.

Производство на зелена енергија, нов логистички дистрибутивен центар во Скопје и прва награда за односи со инвеститори

Во првите девет месеци од 2023 година, Атлантик Група успешно започна со работа на две соларни централи на своите локации, централниот логистички дистрибутивен центар во Загреб и на производствената локација во Рогашка Слатина.

Атлантик во мај достави обврзувачка понуда за купување на Штраус Адриатик, а склучувањето на трансакцијата е предмет на претходно одобрение од Комисијата за заштита на конкуренција во Република Србија.

Во областа на дистрибуцијата, претходно беше договорена соработка со Групацијата Подравка, која опфаќа дистрибуција на Атлантик со производите на Подравка на австрискиот пазар, како и симултана дистрибуција од Подравка на асортиманот на Атлантик на американскиот пазар.

Дополнително, во Словенија е постигнат значаен исчекор во развојот на бизнисот преку соработката со новиот принципал Haleon (Sensodyne, Corega, Parodontax, Aquafresh), додека во Скопје долгорочниот развој е загарантиран со склучување на инвестиција од 12 милиони евра во новоотворениот логистички дистрибутивен центар.

Од поважните награди, треба да се истакне дека Атлантик Група четврта година по ред е добитник на првата награда за односи со инвеститорите, која се доделува во соработка со “Пословни дневник” и Загрепската берза, при што има освоено прва награда досега седум пати, а уште шест пати беше меѓу првите три наградени компании, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наградата од 200.000 евра од Владата на Србија, Ѓоковиќ ќе ја даде во хуманитарни цели

Редакција

Во Истанбул е убиен водачот на црногорскиот клан Шкаљар, Јован Вукотиќ кој имал и македонски пасош

Редакција

Драстичен раст на заразени со коронавирусот во Грција, бројот се искачи на 31

Редакција